Кои сме ние

ЈОСИБА-ПРОТЕКТ ДООЕЛ Скопје е продолжување на традицијата започната од 1992 година. Основна дејност на компанијата е производство и трговија на лична заштитна опрема. Поседуваме погон за производство на текстилни производи, магацин и деловни простории. Во овој момент во компанијата се вработени 30 лица кои се професионално обучени за извршување на својата задача.

Идејата на ЈОСИБА ПРОТЕКТ е да понуди високо-квалитетна лична заштитна опрема по достапни цени.
Потврда за успешноста се нашите задоволни купувачи со кои соработката е долгогодишна.

Во нашата понуда можете да најдете заштитна облека од сопствено производство изработени од најквалитетни ткаенини од програмата на KLOPMAN. Заштитни ракавици, сигнализирачки елеци, еднократни комбинизони од програмата на NITRAS. Голема понуда на заштитни чевли и чизми од COFRA. Лични заштитни средства за заштита на глaва и тело од програмата на JSP од Англија. Маици и блузони од JHK T-SHIRT како и медицински униформи од најреномираниот светски бренд CHEROKEE MEDICAL UNIFORMS.

Мисија

Наша цел е стадарден квалитет достапен во континуитет.
Широката палета на производи во целост ги задоволуваат EN стандардите.
Со следење на постојаниот развој ЈОСИБА ПРОТЕКТ сака да излезе во пресрет на своите купувачи.

Најсилна страна на нашата компанија е производство на заштитни работни униформи по барање на купувачот и секако директната соработка со нашите странски добавувачи, со цел да Ви понуди квалитетна и удобна заштитна опрема која создава чуство на безбедност при секоја работа.

Нашата компанија е овластен увозник и дистрибутери за Р. Македонија за следните европски брендови: KLOPMAN, NITRAS, U-POWER, JSP, SWISS ONE SAFETY, COFRA, JHK T-SHIRT и CHEROKEE MEDICAL UNOFORMS.

Зачлени се за newsletter